македонски

Проектот Ајде

НАДМИНУВАЈЌИ ГИ ГРАНИЦИТЕ И НАЦИИТЕ

ЗАЕДНИЧКО ЗАЛАГАЊЕ ПРОТИВ НАЦИОНАЛИЗМОТ

Ова е иницијатива на другари кои живеат во Скопје и Солун. Не спојуваат пријателството и сличните гледишта. Почетната точка за нашето активирање беше волјата да се спротивставиме на реториката репродуцирана од националистичката еуфорија поврзана со 100-годишнината од „ослободувањето“ на Солун во Грција и 100 години од потпишувањето на Букурешкиот договор во Република Македонија. Сакаме да ја постигнеме оваа цел споделувајќи гледиште кое извира од нашите секојдневни искуства во земјите во кои живееме и од нашето учество во сферата на општествените противречности.
Неодамна започнавме, најдобро што можевме, дискусија која се однесува на политичкото читање на историјата и на продлабочување на теоретски прашања како: значењето на „нациите“, употребата на националните симболи и улогата на националните држави во рамките на денешната капиталистичка криза. Го одбравме зборот „ајде“ бидејќи е заеднички збор на Балканот. За нас „Ајде“ значи „да поттикнеме“: ајде да промовираме антинационализам и подобрување на класната борба. Тука, таму, насекаде. За свет без граници, авторитети и експлоатација.

Оваа книга е издадена во февруари 2020 во 2000 примероци и се дистрибуира бесплатно. Ова издание е испечатено во печатницата на колективот „Druck“ во Солун, додека првото издание беше испечатено во печатницата на колективот„Rotta“ во 2012, во Атина. Може да ја најдете во електронска форма на https://ajde.gr. За донации или какви било други информации контактирајте нè на info@ajde.gr. Делумна или целосна репродукција на книгата за цели на движењето за социјална правда е повеќе од добредојдена и пожелна, но секој обид за комерцијална злоупотреба на ова дело ќе биде негативно пречекан.